Што ќе биде со Солари?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сантијаго Солари вчера и официјано стана поранешен тренер на Реал Мадрид.

Двата порази од Барселоа и срамното излегување од Ајакс му пресудија на Солари и во Мадрид не сакаа да чекаат до крајот на сезоната за да го раскинат договорот, а на негово место дојде Зинедин Зидан кој стави потпис до 2022.

Се виде дека Солари не може да ги „разбуди“ момците кои во однос на минатата сезона не останаа само без Зидан, туку и без Роналдо, но Кралскиот клуб сепак повторно го ангажирше.

Имено, медиумите во Шпанија пишуваат дека Перез сака да го задржи Солари во клубот, со тоа што ќе му понуди повторно да биде на кормилото на Кастиља, резервите на Реал, а наводно Солари сеуште не донел одлука за ова.