“Јас сум многу среќен човек“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Тренерот на фудбалерите на Ливерпул Јирген Клоп рече дека неговата екипа заслужено славеше против Кристал Палас.

    „Во првите 15 минути не бевме 100 % спремни, а тогаш за пола час создававме шанса за шанса… Беше многу неизвесен натпревар и на крајот заслужена победа. Јас сум многу среќен човек“, рече Клоп за британските медиуми.

    Фудбалерите на Ливерпул ја победија синоќа во гости екипата на Кристал Палас со 4:2 во натпревар од десеттото коло од Премиер лигата.

    „Двата гола кои ги постигнаа во првите 45 минути беа наши подароци на нив. Во второто полувреме Палас навистина беше добар. Беше тешко, но на крајот е заслужено и тоа е добро“, рече Клоп.

    Ливерпул запиша седум победи во шампионатот и стигна до 23 бода и така се израмни со Манчестер Сити и Арсенал на врвот на табелата од Премиер лигата.

    „Тешко гостување, вистинска битка, но во второто полувреме бевме одлични, го приведовме мирно натпреварот до крај, воодушевени сме“, рече капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон.