Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Луис Нани, планира да остави траг во историјата на Лацио, под своето сопствено имe, а не да биде наследник и да стане новиот Мирослав Клосе.
ВО последниот ден од трансфер периодот, Нани пристигна во Лацио, приклучувајќи му се на клубот од Валенсија, на позајмица,но со опција за купување.
„Тренерот ме пречека многу добро и ми остави добар впечаток“. – изјави Нани.
„Тимот исто така ми приреди добар пречек, и јас сум среќен. Дојдов овде бидејќи видов шанса, да играм за голем клуб и сметам дека донесов вистинска одлука.“
„Не му реков за мојот трансфер на Роналдо, бев повреден и не играв за Португалија, но се видов со него“.
„Дербито за Рома? Имам слушано многу за тоа, но верувајте сум играл во многу такви во мојата кариера, не знам кое дерби е најтешко за играње, но ги почитувам сите“.
„Јас не сакам да бидам новиот Клосе, туку да оставам свој траг во историјата на Лацио, не сум овде да дзборувам за другите играчи“.
„На секој натпревар ќе го давам најдоброто од мене за Лацио, сметам дека имам доволно искуство да бидам еден од лидерите на овој одличен тим“. – Заврши Нани.