Јувентус одговори на понудите од Кина за Манџукиќ

    Марио Манџукиќ во Јувентус падна во втор план откако ова лето пристигна Гонзало Игуаин.

    Хрватскиот репрезентативец оваа сезона во лигата беше стартер на само еден натпревар, а ваквиот статус резултираше со шпекулации дека би можел да ги следи стапите на бројните европски ѕвезди и да заврши во Кина.

    За неговите услуги се заинтересирани два богати клубови од оваа земја, Шандонг Луненг и Шангај Шенхуа, но Јувентус ги одби сите милиони и порача дека немаат во план да го продадат играчот кој има посебен однос со Алегри.

    Јувентус очигледно и понатаму верува во Манџукиќ, па 30-годишниот барем уште оваа сезона ќе остане во Торино.