Јувентус ќе го продолжи договорот со Диабала

    Италијанскиот фудбалски шампион, Јувентус ќе го продолжи договорот со аргентинскиот напаѓач, Паоло Диабала до 30 јуни 2021. година, тврди угледниот италијански весник „Tuttosport“.

    Во новиот подоврен финансиски договор, 22-годишниот Диабала ќе добива плата од 4,5 милиони евра по сезона и дополнителни бонуси.

    Аргентинецот беше доведен од торинскиот гигант, Палермо за 32 милиони евра минатото лето. Диабала за Јувентус одигра 55 натпревари и постигна 22 гола запишувајќи и 11 асистенции.