Јунајтед и Челси во борба за гол машина од 40 милиони


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед најмногу ќе се борат да добијат фудбалер кој во оваа сезона е фантастичен.

    Младиот 19-годишен напаѓач, Муса Дембеле во оваа сезона блеска во Селтик.

    Сите го претставуваа како големо засилување за Селтик кога стигна од Фулам, а момчето досега постигна 15 голови во оваа сезона вклучувајќи 2 против Манчестер Сити и хет-трик во мечот со Ренџерс.

    Скаутите на Челси и Манчестер Јунајтед го следеа во последниот меч кој го играше, против Рос Каунти, а покрај овие две екипи, се верува дека се заинтересирани Манчестер Сити и Реал Мадрид.

    Зинедин Зидан имаше само пофални зборови за својот сонародник, дури и го споредуваше со Раул, Анри и Бразилецот Роналдо.

    „Играв со многу асови меѓу напаѓачите како што Раул, Роналдо и Анри, а Дембеле покажува дека има потенцијал како нив“, рече францускиот стручнак.