Јунајтед нема во план да се откаже од овој играч: Мурињо им нареди на управата да го донесат


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Управата на Манчестер Јунајтед ова лето донесе неколку звучни засилувања, но со тоа немаат во план тука да застанат.

    „Црвените ѓаволи“ ова лето само на Пол Погба потрошија 105 милиони евра, но изгледа дека традицијата на трошење пари ќе продолжи и во јануари.

    Жозе Мурињо е задоволен од екипата која ја има, но призна дека еден играч му е посебна желба. Имено, португалскиот стратег ќе даде се од себе за на зима на „Олд Трафорд“ го донесе напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

    Францускиот репрезентативец се наоѓа на метата и на Челси, но сега во приказната се вклучи и Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми велат дека „црвените ѓаволи“ за овој фудбалер ќе треба да платат околу 80 милиони евра, но секако доколку Атлетико се согласи да го продаде.

    Гризман во досегашниот дел во Ла Лига на седум натпревари постигна шест гола и благодарение на него, Атлетико Мадрид е на врвот на табелата во Ла Лига.