Червар: Се радувам за Талески: Талески: Ваков почеток на сезоната посакува секој играч


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    По драматичниот натпревар, кој заслужено го доби Металург, се одржа прес-конференција на која своето задоволство го искажаа Филип Талески и Лино Червар.

    Филип Талески е неоспорен јунак на оваа средба, со постигнати 13 гола од можните 18 на Металург.

    “Многу сум среќан, одигравме натпревар каков што секој играч  може само да посака. Нашиот тренер после мечот сепак ни кажа дека е незадоволен од прикажаното во играта. Така треба и да биде, бидејќи знаеме дека ракометот е колективен спорт и и не треба да се чека се од еден играч. Во следниот натпревар ќе бидеме уште подобри, ќе се подготвиме максимално за гостувањето во Прешов  и ќе гледаме да го дадеме најдоброто од нас, па се надевам дека ќе се радуваме на уште една победа“, изјави Талески по мечот.

    Лино Червар, пак, им честиташе и на двете екипи.

    “Денес одлучи и среќата, која беше на наша страна. Ова беше добра средба, вистинска драма, со неизвесна завршница. Нашата екипа добро влезе во мечот, со добра игра во одбрана, но во нападот немавме многу опции, со оглед на тоа што противникот играше добро во одбраната. Проблемите денес започнаа кога нашата одбрана почна да попушта, особено по низата исклучувања. И честитам на екипата на Елверум, која одигра одличен натпревар, а му честитам и на тренерот, кој одлично го водеше својот тим. Секако, и честитам на мојата екипа за победата, но и честитам и на публиката, која беше фантастична и навистина докажа дека имаме најдобри навивачи. Тимот секогаш е најдобар играч, но се радувам за Талески, не само затоа што даде 13 гола од 18 можни, туку затоа што тоа е порака дека упорната работа се исплаќа. Но, тоа не значи дека е веќе голем играч, туку тоа е мотив многу, многу повеќе да работи, тој и сите други“, изјави Червар.

    Извор: http://rkmetalurg.mk/