Предавство во Мадрид: Незадоволен фудбалер на Реал се сели во Атлетико


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ова лето би можел да остане без услугите на Дани Себаљос, кој не е задоволен со минутажата во шпанскиот гигант, а како негов следен тим се споменува Атлетико Мадрид.

Себаљос претходно се поврзуваше и со Бетис, но Атлетико му нуди подобри услови, како и можност да игра во Лигата на шампиони (ЛШ).

Шпанецот пристигна во Реал за 16,5 милиони евра, откако беше најдобар играч на Европското првенство за млади, но никогаш не доби вистинска шанса и сега на 27 години ќе бара нов предизвик.