Баерн е осамен на врвот – Видал и Коста ги вратија баварците на победите


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Баерн Минхен славеа со 2:0 против Борусија Менхенгладбах на Алијанц Арена во натпревар од осмото коло.

    На стартот Баерн Минхен ја потврди фаворитската улога. Веднаш почнаа да го напаѓаат голот на Менхенгладбах. Роберт Левандовски ја погоди стативата после петнаесетина минути игра. Потоа Рафиња испрати центаршут, а Артуро Видал со глава му донесе водство на баварците. После половина час игра баварците го постигнаа вториот погодок во мрежата на Менхенгладбах, а стрелец беше Даглас Коста. Во вториот дел Хан имаше шанса да постигне почесен погодок за гостите, но ја погоди стативата. Резултатот остана непроменет од првото полувреме, 2:0.

    Баерн Минхен и Анчелоти после осум кола остануваат без пораз, 6 победи и 2 реми. Менхенгладбах денес го запиша третиот пораз оваа сезона.