Монпелје по втор пат го среди Металург – Клубот од Автокоманда останува на дното


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Ракометарите на Металург во салата Борис Трајковски беа поразени во натпревар од шестото коло од групната фаза во ЛШ од Монпелје со 24:30.

    Гостите од Франција од старт отворија со серија од два погодоци. Металург возврати со иста мерка и го израмни резултатот, 3:3. Се менуваа водствата на двете страни се до 10:10 кога ракометарите на Монпелје постигнаа четири погодоци во серија и заминаа на полувреме со 10:14. Ракометарите на францускиот клуб во вториот дел постигнаа нови четири погодоци во серија за најголемо водство на натпреварот, седум погодоци, 13:20. Избраниците на Лино Червар го намалуваа водството, а најмногу што направија беше два негатива, 22:24 со кои и се влезе во последните десет минути од натпреварот. Фаворитот во овој натпревар постигна три погодоци во серија и ја осигура победата, 22:27. Монпелје славеше со 24:30 за шеста победа во групата за ЛШ.

    Немања Обрадовиќ со 10 погодоци беше најефикасен во тимот на Металург. Вања Илиќ постигна 4, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски по 3 погодоци. Матие Греби го разнесе македонскиот клуб со своите 10 погодоци. Јуре Доленец натпреварот го заврши со 6 погодоци.

    Следниот натпревар во ЛШ Металург го игра повторно во Борис Трајковски и тоа против норвешки Елверум. Монпелје во седмото коло од ЛШ му гостува на Татран Прешов.