Пиоли ја менува судбината на Стеван Јоветиќ?


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Италијанскиот стручнак Стефано Пиоли на почетокот на оваа недела официјално е избран за нов тренер на Интер.

    Пиоли на клупата на Интер стигна наместо Франк Де Бур кој доби отказ поради серија на лоши резултати.

    Италијанскиот стручнак веќе најави неколку промени во составот на Интер, и шанса ќе добијат „заборавените“ играчи. Еден од нив е и Стеван Јоветиќ кој во времето на Де Бур одигра само неколку натпревари за Интер.

    Пиоли порача дека Јоветиќ ќе добие шанса во наредните неколку натпревари да се докаже, и дека до крајот на декември ќе се знае дали Црногорецот ќе го напушти Интер во јануари.

    За некогашниот играч на Манчестер Сити интерес покажаа веќе неколку клубови, а најопорна е Фиорентина. Истотака, може да се случи Јоветиќ кариерата да ја продолжи во Грција, бидејќи има понуда од Панатинаикос.