Бешикташ по втор пат ја совлада Брага – Само еден погодок на Прибак во победата на турскиот клуб


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Ракометарите на Бешикташ славеа на гости против Брага со 27:28 во натпревар од седмото коло од Лигата на Шампионите.

    Подобро започнаа ракометарите на Брага и стигнаа до предност од три погодоци, 6:3. Таа предност се намали до крајот на полувреме на еден погодок, 14:13. После долго време во второто полувреме гостите од Турција го презедоа водството, 14:15. Со два погодоци во серија ракометарите на Бешикташ за прв пат на натпреварот имаа водство од два погодоци, 17:19. Следуваа нови два погодоци во серија на гостите и за водство од три погодоци, 19:22. На крајот тоа беше доволно за четврта победа на Бешикташ во ЛШ, 27:28.

    Рамазан Доне со 11 погодоци го предводеше турскиот клуб до победа. Толга Озхабар натпреварот го заврши со 6 погодоци, а Иван Нинчевиќ со 5 погодоци. Македонскиот репрезентативец, Немања Прибак постигна еден погодок од два обиди. Кај Брага најефикасен беше Педро Спинола со 8 погодоци.

    Бешикташ во следното коло игра на домашен паркет против Нант, а Брага му гостува на дански Холстебро.