Останатите нудат разни видови на голема помош, но парагвајски клуб нуди неверојатно на Чапекоенсе!


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Трагедијата која го растажи целиот свет, ги соедини сите фудбалски клубови во Јужна Америка.

    Пишувавме веќе за иницијативата за бразилските гиганти бесплатно да дадат по тројца играчи на позајмица во Чапекоенсе, но парагвајскиот Либертад ја покажа најголемата величина.

    На официјалниот твитер профил на овој клуб, стои срцепарателно изветување дека Либертад е спремен да го понуди целиот свој прв тим на располагање на клубот кој денеска ја доживеа трагедија во авионска несреќа.

    За работата уште повеќе да добие на тежина, Чапекоенсе неодамна го совлада Либертад токму во четвртфиналето на Копа Судамерикана.

    Колку тажни вести денеска, но колку и прекрасни потези на луѓето и клубовите ширум светот кои ја враќаат вербата во некои убави работи.