ПСЖ ја демантираше приказната за донација на Чапекоенсе


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Светските медиуми вчера објавија дека ПСЖ порача дека ќе донира 40 милиони евра на Чапеконсе кој вчера доживеа голема трагедија.

    Авионот во кој се наоѓааа играчи на бразилската екипа вчера падна во Колумбија, а преживееја само четири лица.

    Со брзина на светлината т дека ПСЖ ќе донира 40 милиони евра на бразилскиот клуб се прошини на интернет.

    Сепак, после се огласи и францускиот клуб кој ги демантираше овие наводи.

    Од ПСЖ порачаа дека не е вистина дека ќе донираат 40 милиони евра, и дека не е во ред да се измислуваат такви приказни.

    Францускиот клуб на својата интернет страница објави порака со поддршка на бразилскиот клуб, а играчите на актуелниот шампион на Франција со минута молчење на вчерашниот тренинг оддадоа почит на жртвите од вчерашната авионска несреќа.