„Приказната околу Рамос е завршена, не сакам да се занимавам со будалештини, туку со фудбал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид се најде на удар на критики на навивачите на Севиља после натпреварот каде што овие две екипи играа во четвртокот навечер во рамките на Купот на Кралот.

Конечниот резултат гласеше 3:3, а Рамос го постигна вториот погодок за својата екипа и тоа од белата точка.

Дефанзивецот на Кралскиот клуб го матираше противничкиот голман со паненка и после тоа со гестикулација ги налути навивачите на Севиља.

Тоа што е интересно е дека домашните навивачи речиси цело време го провоцираа од трибините иако Рамос кариерата ја почна токму во нивниот клуб.

Реал утре повторно гостува кај Севиља, овој пат  во рамките на Ла Лига, а Зинедин Зидан порача дека Рамос ќе биде во составот и дека на играчите порачува да се концетрирааат на натпреварот.

„Приказната околу Рамос е завршена, не сакам да се занимавам со будалештини, туку со фудбал. Размислувам само за утрешниот натпревар“, рече Зидан.

Новинарите ги интересираше дали Зидан ќе го повлече фудбалерот од теренот доколку домашните играчи продолжат со навредите.

„Да го напуштам теренот како Боатенг и Ето? Рамос сигурно ќе биди со нас во екипата, нема да го изоставам и ќе им речам на фудбалерите да се концетрираат на натпреварот.

Нажалост, каде што има многу навивачи ,секогаш ќе има и навреди. Нормално дека тоа нас ќе ни смета, но наше е да играме“, порача Зидан.

Тренерот на Реал додаде дека Кристијано Роналдо ќе се врати на утрешниот меч после што се одмори во четвртокот.