„Сакав да го променам бројот на дресот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ја помина бројката од 500 натпревари во Реал Мадрид а тоа го прослави со отворен фејсбук чат каде што одговараше на прашања.

Едно од прашањата се однесуваше на желбата за промена на бројот и тоа во чест на можеби најважниот гол на Рамос во 93тата минута против Атлетико Мадрид во финалето на ЛШ кој им донесе титула на Реал.

Рамос на тоа одговори:„ Бројот 4 ми е доста среќен, но не мислете дека сакав да го променам во 93. Во целата кариера постигнав многу важни голови и никогаш нема да можам да се одлучам кој број да го земам“