Гамеиро влезе и го замолкна Ел Молинон – За пет минути постигна хет-трик и му донесе победа на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Спортинг Хихон на Ел Молинон во натпревар од 23-то коло во Ла Лига, 1:4.

Во првото полувреме Траоре пропушти шанса да ги израдува домашните навивачи. На семафорот на полувреме стоеа почетните 0:0.

На почетокот на второто полувреме Караско му донесе водство на јорганџиите. Водството на Атлетико Мадрид траеше само три минути кога Алварез ја затресе мрежата на Моја за израмнување.

Куељар го одбрани ударот со глава на Саул во 69-та минута. Од 80-та до 85-та минута гостите постигнаа три погодоци. Хет-трик направи Гамеиро кој му ја донесе победата на Атлетико Мадрид и ги постави конечните 1:4.

Атлетико Мадрид после денешната победа има само бод помалку од третопласираната Севиља, три помалку од Барселона која е втора и четири помалку од лидерот на табелата Реал Мадрид. Севиља и Барселона денес односно утре ги играат натпреварите од 23-то коло, а Реал Мадрид има три натпревари помалку.