Дожд од погодоци на Камп Ноу – Барселона со четири парчиња ја наполни Валенсија (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона на Камп Ноу ја победија Валенсија во натпревар од 28-мо коло во Ла Лига, 4:2.

На почетокот на натпреварот притисок на фудбалерите на Барселона. Меси имаше шанса за погодок, но гостите топката ја избија од гол линијата. На другата Солер се закани, но Тер Штеген го одбрани неговиот удар.

Во 29-та минута Мангала со глава му донесе водство на лилјаците. Радоста не траеше долго бидејќи шест минути подоцна Суарез го израмни резултатот.

Пред крајот на првото полувреме стрелецот на погодокот за Валенсија го влечеше за дрес Суарез и судијата досуди пенал, а Мангала доби црвен картон. Меси од белата точка донесе водство на каталонците.

Мунир во судиското продолжение од првото полувреме израмни.

Алвес фантастично го спречи ударот на Нејмар. Во 53-та минута бразилскиот голман остана немоќен после ударот на Лионел Меси кој го постигна вториот погодок на натпреварот, 3:2.

Суарез пропушти голема шанса за зголемување на водството на Барселона. Нејмар од слободен удар ја погоди пречката. Минута пред крајот на натпреварот Андре Гомеш ги постави конечните 4:2.

Барселона ќе остане на втората позиција после денеѓната победа со два бода помалку од лидерот Реал Мадрид кој има и натпревар помалку.