За Нејмар одредена казна за непочитување на судија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилецот заработи црвен картон против Малага, доби два жолти, но доби нешто што поголема суспензија од очекуваното.

Барса е поразена од Малага во гости, и така се оддалечија од титулата.

Во нареднот около играат со Реал Сосиадад, а одма после тоа ќе ги одмерат силите со Реал во популарното Ел Класико.

Како што стојат работите, за двата споменати дуели нема да може да сметаат на Нејмар, кој на Росаледа заработи два жолти картони, а потоа и аплаудираше на четвртиот судија, по повод одлуката да биде исклучен.

По правило за парни картони добива еден меч суспензија, но поради саркастичното аплаудирање е казнет со уште два дополнителни меча неиграње.

Иако Жил Манзано го изостави од својот извештај од дуелот, поточно споменатиот детал со аплаудирањето, управниот одбор на лигата ја прегледа снимката и дополнително го казни Бразилецот, бидејќи стриктно е забрането фудбалерите со непочитување да се обраќаат на арбитрите.