Реал два пати губеше, два пати се врати и направи пресврт – Иско го замолкна Ел Молинон (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Спортинг Хихон на Ел Молинон во натпревар од 32-ро коло во Ла Лига, 2:3.

Лукас шутираше со глава непрецизно. Во 14-та минута Дује Чоп ја затресе мрежата на Касиља.

Радоста на траеше долго бидејќи три минути подоцна Иско го израмни резултатот.

На почетокот на второто полувреме Начо пропушти огромна шанса за погодок. Во 50-та минута Весга постигна погодок за ново водство на Хихон.

Девет минути подоцна Алваро Мората постигна погодок со глава за израмнување, 2:2. Данило пропушти шанса за погодок.

Пред крајот на натпреварот Иско го постигна својот втор погодок на натпреварот и ги постави конечните 2:3.