Барса ризикува, Нејмар патува во Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последна вест од Барселона.

Нејмар се наоѓа на списокот на патници за Мадрид пред утрешното „Ел Класико“, иако е суспендиран!

Имено, после што дисциплинската комисија на Примера ја одби жалбата на каталонскиот клуб, Барса се обрати до Судот за Арбитража, кој со официјална одлука за намалување на казната за Бразилецот ќе ја донесе во недела попладне.

Барса денеска во официјално соопштение потврди дека ќе продолжи да го притиска Судот за арбитража до конечна одлука која е закажана за недела.

Луис Енрике немаше многу избор, го внесе Нејмар на списокот за патници на мечот со Реал Мадрид.

„Спремни сме да играме и со Нејмар, но и без него во составот“, рече денеска Луис Енрике.

Поедини шпански медиуми шпекулираат дека Барса вака многу ризикува и дека може да загуби дури дури и на зелена маса, но таков исход е речиси неверојатен на вакви големи мечеви.