Конечно и добра вест за Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Французинот од денеска тренира со екипата и ќе биде во составот за дуелот со Депортиво.

Во отсуство на Серхио Рамос поради црвен картон на Ел Класико, враќањето на Рафаел Варан е најдобра можна вест за Зинедин Зидан.

Варан е надвор од тимот од почетокот на април поради повреда на мускулот, но од денеска повторно е на тренинг со екипата.

Мадридските медиуми наведуваат дека ќе конкурира за стартниот состав со Начо, поради тоа што надвор од тимот се Рамос и Пепе.

Реал Мадрид и Барселона се израмнети на табелата, со тоа што Кралскиот клуб има и меч помалку, а во среда гостува кај Депортиво од 21:30.

Французинот од денеска тренира со екипата и ќе биде во составот за дуелот со Депортиво.