Мончи ја крие магијата во сакото – Андалузија се треси, во еден ден два потпис – Бен Једер и Вието


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После Гамеиро – двајца голгетери, официјално.

Она што Бепе Марота е во Севиља, тоа е Мончи во Севиља.

Во денот кога Севиља остана без Кевин Гамеиро, спортскиот директор на андалузијците извлече не еден туку два кеца од ракавот и на најдобар можен начин го надомести заминувањето на најдобриот стрелец. Првиот потег беше направен во склоп на трансферот на Гамеиро бидејќи во спортивна насока замина Вието, а новата бомба на Мончи е Висам Бен Једер.

Иако Вието стигна на едногодишна позајмица со право на откуп, желбата на новиот тренер, Хорхе Сампаоли и магионичарот Мончи беше и остана Бен Једер.

Тулуз ќе добие 9 милиони евра и многу проблеми бидејќи си замина фудбалерот кој ги одржуваше во живот. Во Севиља многу не размислуваа кога добија повратна информација од Тулуз за висината на трансферот, добија засилување кое следните години ќе вреди многу повеќе бидејќи Бен Једер има 25 години.

За новиот голгетер на Севиља е спремен 5-годишен договор, а пред да ја прифати понудата на шпанскиот клуб, Бен Једер ги одби Вест Хем, Тотенхем и Арсенал.