Агентот му додаде бензин на огнот: Бејл и Роналдо повторно заедно?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џонатан Барнет го зголеми пламенот на огнот. Тој имено е агент на Герет Бејл, но и Војчех Шчесни, полскиот голман.

„Војчех го сакаа сите, но Јувентус му ветил дека ќе го наследи Буфон, и го исполни ветувањето, тој не сака да размислува за било какви понуди“.

„Што се однесува до Бејл, не е невозможно да дојде во Јувентус, добро му е во Реал, но ова е фудбал и работите се секогаш возможни“, му додаде бензин на огнот, Англичанецот.

Имено, постои приказна дека Јувентус би сакал да го купи Бејл, ако не им го продадат Марсело, а Велшанецот се најде на пазарот, бидејќи Алегри верува дека во 3-5-2, или дури како лев бек, Бејл успеа да се врати на нивото од Тотенхем.

„Доаѓањето на Роналдо во Серија А, значи дека сега секој играч размислува за Италија“, додаде Барнет.

Јувентус е заинтересиран за Иско, но се чини дека Сити ги има сите причини да гу убеди Андалужаните. Италијанците би го сакале Марсело, но добија „корпа“ од Перез.

Роналдо и Бејл повторно заедно?

„Зошто да не, тие двајца сакаат да играат заедно“, додаде Барнет, а се чини дека Бејл би можел да се врати во Англија следното лето, пред се бидејќи Мадриѓаните не го сакаат, а и Перез сака да ја сврти страната.