Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Барселона се оди по планот од самиот старт на сезоната.
Лидери се во Примера и обезбедија пласман во втората фаза од Лигата на шампионите, па и натаму се во игра за сите трофеи.
А за така да остане, потребни се засилувања, играчи кои ќе го освежат тимот.
Прв од нив би можел да биде фудбалерот на ПСЖ, Адријен Рабио чии претставници се упатија кон Барселона за да ги завршат преговорите околу трансферот на Шпанија.
Мундо Депортиво тврди дека неговата мајка, која е и негов менаџер, до крајот на неделата ќе ги утврди сите детали со шпанскиот гигант.
Јасно е дека Рабио до крајот на сезоната ќе биде на трибините на „Паркот на принцовите“ бидејќи не сака да го продолжи договорот со „Светците“, а таквата одлука ја донесе Томас Тухел.