Агент на ѕвезда на Каталонците се јави: Не ми се допаѓа во Барселона!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонците не играат како што треба сезонава, а Бразилецот Малком крена „голема прашина“ летово откако во последен момент се пресели во Барселона, иако требаше да потпише со Рома.

Италијанците нема да му го простат тоа, а напаѓачот сметаше дека направил вистински потег.

Очигледно во Шпанија не му е како што треба, па одигра само 25 минути досега во Ла Лига.

„На секој фудбалер му е потребен период на прилагодување и минути на теренот за да докаже колку вреди“, кажа агентот.

Исто така, агентот соопшти дека не се среќни во Барселона, но Малком е фокусиран и мотивиран.

„Не ми се допаѓа ситуацијата, но Малком е фокусиран на тренинзите и има голем мотив“, објасни тој.