Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утре во Охрид по 31-ви пат ќе се одржи традиционалниот Охирдски пливачки маратон.
На стартот во Свети Наум ќе се појават вкупно 22 капачи меѓу кои 15 натпреварувачи во машка и седум натпреварувачки во женска категорија.
Во многу наврати одржувањето на маратонот поради финансиски средства беше доведено до знак прашање, меѓутоа на крајот се изнаоѓаше решение и традицијата од година во година продолжува.
Оваа година Агенцијата за млади и спорт ќе издвои двојно повеќе финансиски средства со цел да се одржи континуитетот на оваа манифестација.
Покровител на маратонот стандардно е претседателот на републиката, додека како организатори се јавуваат Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт како и Пливачката федерација на Македонија.