Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во терминот од 18:55 часот беа одиграни 12 натпревари од третото коло од Лигата на Европа.
Динамо со пресврт славеше против Спартак Трнава со 2:1 и направи огромен чекор кон пласманот во нокаут фазата. Гаврановиќ и Орсиќ беа стрелци за тимот во кој 90 минути одигра нашиот репрезентативец Арјан Адеми.
Во истата група Андерлехт и Фенербахче ги поделија бодовите играјќи 2:2. За турскиот тим 85 минути одигра Елиф Елмас.
Бетис го изненади Милан и со 2:1 славеше на гостувањето на „Сан Сиро“, а Олимпијакос во истата група очекувано го победи Дуделанж со 2:0.
Арсенал славеше минимална победа на гостувањето во Лисабон кај Спортинг, а стрелец на единствениот погодок беше Дани Велбек во 78. минута.
Милан- Бетис 1:2
АЕК ЛАрнака- Лудогорец 1:1
Андерлехт- Фенербахче 2:2
Дуделанж- Олимпијакос 0:2
Копенхаген- Славиа Прага 0:1
Карабак- Ворскла 0:1
Лајпциг- Селтик 2:0
Салцбург- Розенборг 3:0
Спортигн- Арсенал 0:1
Трнава- Динамо Загреб 1:2
Зенит- Бордо 2:1
Цирих- Баер Леверкузен 3:2