Адидас со тужба против Најк поради дресот на Барселона


    Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


    Германската компанија за спортска опрема, Адидас започна „борба“ против Најк поради новите дресови на Барселона.

    Имено, Адидас го тужеше Најк бидејќи оваа компанија смета дека американската компанија украла некои идеи кои го украсуваат дресот на Адидас, и на тој начин бил дизајниран дресот кој играчите на Барселона ќе го носат во оваа сезона.

    Познато е дека Најк долги години е спонзор на Барселона, и дека Адидас се обидува да дојде до договор со каталонскиот клуб.

    Адидас му објасни на Судот дека трите ленти кои се наоѓаат на дресот на Барселона јасно го претставуаат заштитниот знак на оваа компанија. Доколку овие приказни се докажат како точни, Најк ќе мора да им плати значителна финансиска оштета за тоа.