Познато кога Ѓоковиќ ќе го игра првиот меч во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го започне учеството на Австралија Опен во понеделник.

Сите навивачи во Србија добија одлични вести, бидејќи дуелот на Новак и Педро Мартинес е закажан за вечерната програма на „Род Лејвер Арена“.

Од девет часот наутро, по средноевропско време, ќе играат Ига Швонјтек и Јуе Џуан, по што на теренот ќе излезат Србјанецот и Шпанецот.

Ѓоковиќ и Мартинес досега никогаш во кариерата не се соочиле.