Ако дојде Мурињо во Мадрид, тогаш си заминува Рамос од Реал!?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Жозе Мурињо доби отказ од Манчестер јунајтед минатата недела и се појавија шпекулации во медиумите дека ќе се врати Португалецот во Реал Мадрид.

Сепак, капитенот Серхио Рамос не е воодушевен од тие шпекулации, па наводно ќе си заминел доколку Мурињо ја преземе тренерската палка во клубот.

„Дејли Стар“ пишува дека Рамос и Мурињо не биле во добри односи, додека Португалецот го тренираше шпанскиот гигант, па поради тоа постои можност да замине од тимот.

Но, такво сценарио е тешко за очекување бидејќи мали се шансите Мурињо да седне не тренерската клупа на „кралевите“.