„Ако изгубам, ќе го прифатам тоа како машко“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Мерцедес, Хамилтон изјави дека ќе го прифати поразот ако не ја одбрани титулата во Ф1.

    До крајот има само 4 трки, а Хамилтон има 33 бодови помалку од Розберг.

    Прва во низата трки во самиот финиш е ГН САД.

    „Не може да освоите се. Погледнете само кои големи шампиони изгубија титули, тоа е дел од играта. Ќе дадам се од себе, но се е можно. Ако ја изгубам титулата, ќе го прифатам тоа како машко и ќе се вратам уште посилен. Животот оди понатаму.“

    31-годишниот возач од доаѓањето во Ф1 во Остин победи на 3 од 4 трки и изјави дека е возбуден пред викендот во Тексас.