Ако Ругани си замине, Јувентус ќе донесе стопер од Манчестер Јунајтед


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Еден од најтиражните италијански медиуми, „Тутоспорт“ пренесува дека доколку Даниеле Ругани си замине од Јувентус ова лето, од клубот ќе тргнат по играчот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф.

Ругани силно се поврзува со трансфер во Челси каде од пред неколку дена нов тренер не Маурисио Сари. Ругани на „Стемфорд Бриџ“ треба да пристигне во пакет со Гонзало Игуаин.

Освен Линделоф, како алтернатива за Ругани се споменуваат и фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Годин и Стефан Савиќ.