Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Португалија ќе ги почне квалификациите за Европското првенство во 2020 година со мечот против репрезентацијата на Србија.
Кристијано Роналдо и сонародниците имаат добра група и тие се фаворити за првото место, а сега пристигна мотивација и од познатата португалска актерка Паула Лабаредас.
Дополнителен мотив пред мечот против Србија беше разголената Паулоа, која ги покажа своите атрибути.
„Ако не победите сега, тогаш засрамете се“, е еден од коментарите на сликата.
Да потсетиме, Португалија во групата ги има уште и Украина, Литванија и Луксембург.
Исто така, одлични вести за Португалците се тоа што Роналдо игра во неверојатна форма, откако вчера постигна хет-трик против Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.