Алеиш Видал избира помеѓу два клуба

Шпанскиот дефанзивец, Алеиш Видал ќе ја напушти Барселона ова лето, пренесе каталонски Спорт.

Иако за неговата иднина многу се зборуваше минатите денови, изгледа дека тој ќе ја напушти Барселона, а следната дестинација би требало да биде Серија А.

Истиот извор пренесе дека Интер и Милан се заинтересирани за Видал, а Барселона за него ќе бара 10 милиони евра плус бонуси.

Тој во каталонскиот клуб стигна од Севиља пред две години за 17 милиони евра, а оваа сезона одигра само 11 натпревари за Барселона.