Алкасер не може да престане да погодува откако ја напушти Барселона (Видео)

Фудбалерот на Борусија Дортмунд ја продолжува фантастичната серија постигнувајќи погодок на шестиот натпревар по ред.

Напаѓачот на Барселона кој е на позајмица кај „Милионерите“ се прероди откако се пресели во Дортмунд. Шпанецот има десет погодоци зад своето име во дресовите на Борусија Дортмунд и  репрезентацијата на Шпанија.

Последен негов гол е оној денешниот против Англија со кој во моментов го намали резултатот на 1:3. Интересно е што Пако Алкасер влезе од клупата за резервни фудбалери и веднаш се најде во листата на стрелците.

Нема што, серијата од десет погодоци во вкупно 260 минути поминати на теренот е импресивна бројка.