Американец е нов плејмејкер на МЗТ Скопје


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Американецот, Тори Томас ќе биде нов плејмејкер на МЗТ Скопје Аеродром следната сезона и потпиша 1-годишен договор.

Се работи за искусен плејмејкер кој во Европа почнал да игра пред 9 години, а има играно за 12 различни клубови. Македонија е десеттата земја на Стариот континент каде што Томас професионално ќе настапува, со оглед на тоа што претходно бил дел од екипи од Шведска (Акропол), Холандија (Ханзеваст капиталс и Матрикс меџик), Полска (Туров и Роса Радом), Русија (Спартак Приморје), Србија (Партизан), Италија (Скаволини), Турција (Алиага Петким), Франција (Ле Ман и Шоле) и Грција (Арис).

Минатата сезона ја помина во Полска во Роса Радом.

Томас е четвртиот амерички кошаркар кој потпиша договор со МЗТ Скопје по Џош Скот, Џеремаја Мејси и Ксавиер Темс.