Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синоќа во рамки на НБА Олстар викендот беше одигран мечот на „Ѕвездите во подем“ меѓу тимот на Америка и екипата на Светот. Американците славеа на крајот со убедливи 161-144.
Титулата за најкорисен кошаркар во синоќешната средба ја освои крилниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Кајл Кузма со 35 поени за тиот на САД.
Како што се очекуваше, мечот беше исполнет со атрактивни потези, а најдобар во нив беше Џош Колинс, кој ќе учествува и во натпреварувањето во забивања.
Освен Кузма, кај Американците се покажаа Џејсон Татум со 30, Трае Јанг со 25 и Донован Мичел со 20 поени.
Кај тимот на Светот најдобар беше Бен Симонс со 28 поени, додека Лори Марканен постигна 21 поен. Потоа следуваа Богдан Богдановиќ со 15 и Лука Дончиќ со 13 поени.
Инаку, вечер во Шарлот ќе се гледа натпреварувањето во тројки, забивања и вештини, додека Олстарот е еден ден подоцна.