Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познатиот англиски судија, Боби Мадли, доби отказ поради непристојни пораки на социјалните мрежи.
Овој 32-годишен судија реши повеќе да не суди натпревари, а англиските медиуми пишуваат дека се решил на таков потег поради видео во кое се прикажува сексуален однос со куче.
Сепак, „Скај спортс“ доби потврда зошто Мадли доби отказ. Станува збор за непристојни пораки кои ги испраќал на социјалните мрежи, а која вклучува и фотографија на личност со посебни потреби која ја исмејувал.
Медли сега ќе се обиде во Норвешка да ја продолжи кариерата, а за тоа најверојатно ќе му бидат потребни многу дозволи.
Судијата имаше судено на 91 натпревар во Премиерлигата од 2013. година.