Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Охриѓани за прв пат во историјата оваа сезона настапија во едно европско натпреварување, и веќе по првиот двомеч покажаа и докажаа дека се тим за респект кој може да се надигрува со секого.
Креаторот на најголемиот успех на охридскиот ракомет, Горан Андоновски смета дека победата над Крас Волендам во првото коло од квалификациите за ЕХФ Купот е сосема заслужена.
„Веќе месец и пол се подготвуваме за овие два тешки меча и мислам дека потполно заслужено сме во следната фаза. Победи нашето срце, македонското срце. Многу време игравме со играч помалку, холандскиот тим знаеше да го казни тоа, но сепак на крајот ние успеавме да направиме историски успех. Прекрасна атмосфера имаше во салата, Охрид покажа дека го сака ракометот, Македонија го сака ракометот, се надевам дека и другите македонски екипи во Европа ќе продолжат по нашиот пат.“ – изјави тренерот Андоновски, а пренесе 24ракомет.мк.
На РК Охрид сега му претстои натпревар против многу посилен противник од Волендам. На 7-8 октомври охриѓани најпрво ќе бидат домаќини на Порто во „Билјанини Извори“ а потоа една недела подоцна ќе гостуваат во арената „Драгао Каикса“ во Португалија.