Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Тиери Анри е еден од главните кандидати за нов селектор на Велс. Велшаните се во потрага по нов селектор откако нивниот досегашен предводник Крис Колман ја напушти позицијата за да се пресели во редовите на Сандерленд.
Од фудбалската федерација на Велс имаат составено список на можни селектори, а според букмејкерите најголеми шанси за оваа позиција има Тиери Анри, но не се исклучува можноста Рајан Гигс да ја преземе „својата“ репрезентација.
Анри во моментов е помошник на Роберто Мартинез во репрезентацијата на Белгија но има амбиции да стане и главне тренер во иднина.
Рајан Гигс пак од неодамна доби работа во Виетнам каде ќе биде директор на ПМФ Академијата, но доколку добие повик од Велс со сигурност ќе го прифати.
Покрај Анри и Гигс кандидати за селектор на Велс се и Крег Белами, Микел Артета, Тони Пјулис и Ојзен Робертс.