Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денис Истомин не сопира по победата против Ѓоковиќ во 2-то коло на АО.
Тој успеа да го победи Буста и да го повтори најдобриот успех во кариерата. Истомин победи со 6:4, 4:6, 6:4, 4:6 и 6:2 за три и пол часови.
Тој во борба за ¼-финале ќе се бори против подобриот од дуелот Григор Димитров и Ришар Гаске.
Истомин со пласман во 4-то коло го израмни најдобриот резултат на Грен Слем турнирите, бидеќи на Вимблдон во 2012 година успеа да го направи тоа.
Од 5 сетови, три беа решени со 1 брејк додека во другите 2 беа видени по 3 брејкови.
30-годишниот Истомин потврди дека е физички подготвен, психолошки стабилен и во најважните моменти освојуваше поени против 30-от играч во светот.