Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неверојатен натпревар беше виден помеѓу Иво Карловиќ и Зебаљос на денешната програма на Австралијан Опен.
Натпреварот започна израмнето и првиот сет никој не го изгуби својот сервис, па тенисерите играа во тај-брејк во кој беше подобар Зебаљос со 8:6.
Вториот сет започна израмнето за двата тенисери, но во 8-от гејм направи брејк Зебаљос и успеа да го освои сетот со 6:3.
Иво Карловиќ беше на работ на пораз, но неверојатно успеа да се врати во натпреварот.
Третиот сет беше неизвесен до самиот крај, а Иво Карловиќ успеа да направи брејк во 12-от гејм и така да го освои сетот со 7:5.
Четвртиот сет помина во доминација на Карловиќ кој успеа да направи два брејка, во 2-от и 8-от гејм и така да да го освои сетот со 6:2.
Во неверојатниот 5-ти сет беа видени 42 гејмови. Двата тенисери се измачија, со последните сили во себе Карловиќ успеа да направи брејк во 42-от гејм и да ја искористи 2-та брејк и меч топка и така да стигне до победа во натпреварот.
GAME, SET, MATCH! @ivokarlovic beats Horacio Zeballos after 5 hours and 15 minutes ? #AusOpen pic.twitter.com/A3rJ0hnoE5
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 17, 2017
Во останатиот натпревар кој се играше помеѓу Додиг и Истомин, подобар беше Истомин со 3:1 во сетови и тој ќе се соочи со Ѓоковиќ во следното коло.