Аргентина шампион во футсал!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Репрезентацијата на Аргентина во футсал ја освои шампионската титула со победа против Русија со 5:4 во Колумбија.

    За Аргентина ова е прва шампионска титула, бидејќи претходно до самиот крај стигнаа во 2004 година, но турнирот го завршија на 4-то место.

    Русија го превзема водството преку Лима во 16-та минута, но Аргентина израмни по само 26 секунди, а потоа и тргна во водство со голот на Кучолино од пенал.

    Лима израмни на 2:2 во 22-та минута, но по 75 секунди Бради 2 пати беше стрелец, за нова предност на Аргентина. Додека Русија бркаше да ги стигна, Вапораки постигна гол од своја половина, а Лисков и Лима успеаа само да намалат на 5:4.

    Во борба за 3-то место, Иран ја победи Португалија со 4:3 по изведување на пенали.