Аргентинските репрезентативци обвинети за – шверц!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалски сојуз се најде во нови проблеми и повторно се пишува лошо за играчите на репрезентацијата.

Аргентинците се обвинети за шверцување, откако царински службеници им одземале електронски уреди во вредност од 20.000 евра, детски играчки и музички инструменти.

Тоа се случило по враќањето дома по натпреварите против Гватемала и Колумбија во САД.

Даночните органи на Аргентина потврдија дека го дале случајот до државното обвинителство за криминалот, па тие ќе одлучуваат што ќе се случува понатаму.