Аргентинците во транс: Меси се враќа во репрезентацијата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина, Клаудио Тапија најави дека Лионел Меси ќе се врати во репрезентацијата во 2019 година.

Тоа би требало да се случи на турнирот Копа Америка, кој почнува во средината на јуни. Тапија разговарал со Меси во тек на финалниот меч во Копа Либертадорес меѓу Ривер плејт и Бока јуниорс.

„Лео никогаш не замина од репрезентацијата. Не се сомневам дека ќе се врати штом го повикаме“, кажа првиот човек на аргентинскиот фудбал.

По Светското првенство во Русија, Меси разочаран со елиминацијата во осминафиналето од Франција реши да направи пауза.