Арсенал и Ливерпул се заинтересирани за Дембеле!?

Младиот Осман Дембеле е големо промашување на Барселона, па тие ќе сакаат да го продадат летово.

Тој во Барселона стигна од Дортмунд и требаше да биде големо засилување за екипата, но досега не покажа апсолутно ништо.

„Мундо Депортиво“ пишува дека постојат две екипи кои се заинтересирани за него и дека двата доаѓаат од Премиерлигата, а станува збор за Арсенал и Ливерпул.