Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Целиот преоден рок, Арсенал се фокусираше на Денис Суарез од Барселона и Евер Бенга од Севиља, но на крајот ќе мора да мине на планот Б.
Седум дена пред затворањето на пазарот, „Топчиите“ се обидуваат да го реализираат трансферот на Хуан Мата од Манчестер Јунајтед и Кристофер Нкунку од ПСЖ. Унаи Емери сака да го реновира редот за врска за да избори пласман во Лигата на шампионите, па потребни му се две засилувања, а исто така сака да се ослободи од Месјут Озил.
Преговорите со Барселона околу Суарез делуваат блокирани. Каталонците не попуштаат во своите барања со кои Арсенал не сака да се согласи. Затоа Арсенал се насочи кон ПСЖ и ги почна преговорите за нивниот играч кој ги покрива сите позиции во редот за врска, но може да игра и по обете крила. Унаи Емери добро го познава бидејќи токму тој го афирмираше во првиот тим на ПСЖ.
Арсенал го посакува на позајмица со право на откуп договорот вреден 20 милиони евра, а се сложи и со откуп на цената која ја поставија „Светците“. Зелено светло даде и Томас Тухел, но под еден услов. ПСЖ сака покрај договорениот Паредес да донесе уште еден играч за врска од триото Геј-Санчез-Алан. Најблисклу е Португалецот од Баерн кој би дошол во размена за Рабио. Во тој случај не би имало било какви препреки за Нкунку да премине во редвоите на Арсенал.
Поккрај младиот Французин, Арсенал се обидува да го донесе и Хуан Мата. Со оглед на тоа дека Емери се помалку му верува на Озил, се бара „десетката“ наместо Германецот. Се споменуваше Хамес Родригез, но Баерн не прифати да го испрати на позајмица.