До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од таборот на Арсенал веќе се подготвуваат за летниот преоден рок иако зимскиот заврши пред само неколку денови.
„Топчиите“ ќе се обидат на лето да ги донесат играчите со кои се поврзуваа и оваа зима. Венгер ќе тргне по Малком од Бордо како и по Џони Еванс од ВБА кој може да пристигне за само три милиони фунти, доколку клубот испадне од Премиер лигата.
Покрај овие двајца, Арсенал ќе се обиде да го донесе и голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак како замена за Петр Чех кој прикажува се послаби партии во дресот на „топчиите“.















